Македонска навигација поднела кривична пријава до обвинителство против тројца директори на УО на М-НАВ
Македонска навигација поднела кривична пријава до јавното обвинителство против тројца директори и членови на управниот одбор на М-НАВ за злоупотреба на службената должност, обајви „Фокус“.
Според информациите на медиумот, иако М-НАВ согласно принципите на провајдерот на навигациски услуги Еуроконтрол, не смее да позајмува на јавни претпријатија или да ги троши за други цели, кои не спаѓаат во прифатливи трошоци сепак, на барање на македонската влада М-НАВ дале позајмица од 7 милиони евра за Јавното претпријатеие за државни патишта.
Кривична пријава
– Со ова дејствие, пријавените во својство на одговорни лица, свесно и со намера ги злоупотребиле своите овластувања и постапиле спротивно на меѓународните обврски и принципи кои го регулираат финансирањето на давателите на услуги во воздушната навигација, со што прибавиле противимотна корист за друг (ЈП за државни патишта) и предизвикале, односно можеле да предзвикаат значителна штета на М-НАВ АД Скопје“, стои во кривичната пријава до која дојде „Фокус“
Телевизија 24 се обиде да добие информација од Основното јавно обвинителство за поднесената кривична пријава но оттаму не добивме конкретен одговор.
Од опозициската СДСМ и денеска реагираа за позјамица на М-НАВ за македонската влада. Оттаму велат дека поради позајмицата Буџетот на М-НАВ ќе биде намален за износот на неправилно потрошените средства.
СДСМ
– Мицкоски тврдеше дека е нормално државата да зема пари на заем од јавните претпријатија и дека тоа не значи банкрот. Денеска имаме кривични пријави. Според пријавата, “давањето позајмица на Јавното претпријатие за државни патишта не претставува трошок за маршутни навигациски уреди и служби“. Со ова дејствие, пријавените ги пренамениле средствата собрани од авиокомпаниите за цел која е целосно надвор од рамките на ратификуваниот меѓународен договор и директно го прекршиле законот.
Претходно премиерот Христијан Мицкоски кажа дека не само од МНАВ туку и од Лотарија и од Мепсо владата позајмила пари без камата за да го враќа кредитот на кинеската банка за патиштата. Објасни дека сретствата и ќе им бидат вратени во август без камата бидејќи рокот е до 30 ноември 2026. Премиерот вели тоа било нормална вообичаена процесура како и во повеќе наврати во минатото.
Одлуката за одобрување на кратокорочна позајмица била потпишана на 17 јули а била донесена на владина седница на 14 ти каде во табелата од заклучоците по исходот на седницата само кратко стои како задолжение на ЈП ДП позајмица.







