Русија и Бразил договорија значително поголема преработка на ураниум

Руската преработка на ураниум во Бразил ќе биде зголемена за 25 отсто, според дополнителниот договор што двете страни го потпишаа во јуни, изјави портпаролот на државната нуклеарна корпорација „Росатом“ за рускиот весник „Известија“.
„Росатом“ во 2025 година победи на јавниот тендер во Бразил и ја обезбеди работата за производство и збогатување на ураниум од наоѓалиштето Каетите во сојузната држава Баија, потсетува рускиот весник.
Во јуни годинава, двете страни потпишаа дополнителен договор, според кој обемот на преработка во рамките на тој договор се зголемува за 25 отсто, изјави портпаролот на „Росатом“ за „Известија“.
– Со тоа не само што ја продолжуваме соработката, туку постепено и ја прошируваме – истакна портпаролот на „Росатом“.
Русија смета и дека постои можност за изградба на нови нуклеарни централи во Бразил, рече министерот за економија Максим Решетников на состанокот на Руско-бразилската меѓудржавна комисија за трговска и економска соработка.
Москва и Бразилија преговараат за нов договор за соработка во областа на нуклеарната енергија, додаде Решетников.






