Анчелоти лут на судијата: Ова сè уште не сум го доживеал

По синоќешното дерби во Ла Лига на „Местаља“ меѓу Валенсија и Реал Мадрид кое заврши нерешено 2-2, тренерот на Кралскиот клуб Карло Анчелоти го критикуваше главниот судија на натпреварот Хезус Хил Манзано.

Валенсија имаше водство од 2-0, пред Реал да успее да го израмни резултатот, а спорниот момент се случи кога главниот судија отсвири крај на дуелот секунда – две пред напаѓачот на гостинскиот тим Џад Белингем да ја затресе противничката мрежа.

Поради таквата одлука, играчите на Реал жестоко реагираа, а Белингем беше исклучен.

На конференцијата за новинари по натпреварот Анчелоти ја нарече судиската одлука „преседан“.

„Нема тука многу што да се каже. Ова е преседан. Ова сè уште никогаш не ми се случило во кариерата. Да отсвирите крај на натпреварот во тој момент беше грешка“, рече Анчелоти

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close