Андерсон: Шведска за неколку дена ќе поднесе апликација за членство во НАТО

epa08946241 Sweden’s Minister of Finance Magdalena Andersson during a digital press conference in Stockholm, Sweden, 18 January 2021, together with the IMF’s CEO Kristalina Georgieva on the occasion of Andersson taking over as chair man of the IMFC, the International Monetary Fund’s highest advisory. EPA-EFE/Henrik Montgomery/TT *SWEDEN OUT*

Шведските владејачки социјалдемократи најавија поддршка за влезот на земјата во НАТО.

Премиерката Магдалена Андерсон најави дека „сега е сосема сигурна дека за неколку дена ќе започне официјална апликација“.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде одлуката ја нарече „историска“.

„Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната состојба за Шведска и Европа во целина“, додаде таа.

Финскиот претседател Саули Ниинисто денеска официјално објави дека неговата земја аплицира за членство во НАТО, што е историска промена во неутралната надворешно политичка ориентација на земјата, поттикната од руската инвазија на Украина.

„Денеска претседателот и владиниот комитет за надворешни работи заедно одлучија Финска да аплицира за членство во НАТО“, изјави Ниинисто во Претседателската палата во Хелсинки.

Тој рече дека овој потег ќе ја максимизира безбедноста на земјата. па

Back to top button
Close