Анета Пешева е прогласена за најпочитувана жена на 21 век

Во ,,Бели Двор,, на имотот на кралското семејство Караѓорѓевиќ на 27.11.2015 во Белград се оддржа традициналната годишна манифестација ,,Најпочитувана и најомилена жена на 21ви век,, каде во различни општествени и професионални категории се наградени препознатливи жени за своите високи достигнувања од Србија и регионот.

На оваа манифестација, Анета Антова Пешева, основач на групацијата Ултра-Унет ДОО Скопје се закити со титулата најпочитувана жена за своите достигнувања од областа на ИТ бизнис технологии. Привилегијата на оваа титула е од национално и општествено значење, земајќи предвид дека Пешева е лидер на македонска компанија која успешно работи веќе 27 години. Покрај бизнис достигнувањата, Пешева е истакнат активист во полето на женското лидерство, иницијатор на бројни проекти од општествено-социјален карактер и чинител на филантопски кампањи наменти за ранливи и социјално загрозени деца.

 

12309419_10207892351204786_1431869388_n

Оваа престижна манифестација  е организирана од агенцијата Аирли Ниво од Србија, предводена од Слаѓана Обрадовиќ Петровиќ која препознава дела и проекти на жени од регионот од областа на: медицина, туризам, бизнис, естетика, уметност, култура, јавни дејности, новинарство. Покрај Анета Пешева, во останатите категории наградени беа и околу 20тина жени од регионот меѓу кои: Мира Бањац, Билјана Обрадовиќ, Весна де Винца, Неда Украден, Ана Бекута, Ана Књажовиќ-Мијаловиќ, Сузана Манчиќ, Јасмина Трумбетас Петровиќ и други.

Back to top button
Close