Јаневска во образование, Љутков во култура?

Екс-пратеничката Весна Јаневска се подготвува за министерската фотеља во образование, актерот Зоран Љутков во култура, додека одбрана е посакуван ресор за ЗНАМ, доколку влезат во владата, дознава „Телма„. Африм Гаши од „Алтернатива„ најверојатно ќе биде новиот собраниски спикер. Сепак, за ништо од ова нема потврда од преговарачките тимови.

Од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ се целосно затворени за какви било информации, освен дека преговорите финишираат и полека се исцртуваат контурите на министерскиоте места.

Повеќе

Back to top button
Close