Ангажирани 1.500 полицајци за гостувањето на Макаби во Атина

Безбедноста поврзана со вечерашниот кошаркарски натпревар во Евролигата меѓу Панатинаикос и Макаби Тел Авив во Атина ќе биде значително зголемена по нападот врз израелските навивачи во Амстердам минатата недела, соопшти грчката полиција.

Полициски извор прецизираше дека ќе бидат мобилизирани околу 1.500 полицајци.

Само 40 навивачи на израелскиот клуб добија дозвола да бидат на трибините, наведе истиот извор, додавајќи дека на натпреварот сакале да присуствуваат и други израелски навивачи, но полицијата нема да им дозволи влез поради страв од можни тепачки.

Дел од полициските сили ќе бидат ангажирани за заштита на навивачите на Макаби, додека антитерористичката полиција ќе го придружува тимскиот автобус. Израелската Амбасада во Атина, исто така, ќе биде под зголемено обезбедување

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close