Анкета: Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО


Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат нивната земја да се приклучи на НАТО алијансата, објави денеска киевската Агенција за испитување на јавното мислење, наведувајќи ги резултатите од истражувањето спроведено откако Киев поднесе барање за членство во воениот блок.

Агенцијата „Рејтинг груп” спроведе истражување на примерок од 2.000 испитаници на 1 и 2 октомври, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот објави дека Украина поднесува забрзана апликација за членство во НАТО.

Ова е највисокиот регистриран процент на луѓе во Украина кои го поддржуваат членството во НАТО, соопшти Рејтинг груп.

Само четири отсто од испитаниците рекле дека би гласале против влезот во блокот, а девет отсто рекле дека воопшто нема да гласаат.

Во ноември минатата година, 55 отсто од испитаниците го поддржаа приклучувањето кон Алијансата, што покажува колку се промени јавното мислење за ова прашање откако Русија ја започна инвазијата на Украина

Back to top button
Close