Јанта Волеј нов македонски одбојкарски шампион

 Одбојкарките на Јанта Волеј го освоија шампионскиот трофеј, откако синоќа во Скопје го совлада Работнички со 3:1 во сетови.

По загубениот прв сет со 14:25, следуваа три добри сегменти за Јанта Волеј за целосен пресврт.

Новиот шампион го предводеа Мери Бошковска со 19 поени, Ива Стојковска со 12, како и Валерија Собол со 11 поени, додека во редовите на Работнички Скопје, Стакхаус  и Дикова освоија по 13 поени, додека капитенката Баталаковска имаше 11 поени.

За Јанта Волеј освоениот трофеј е четврти во клупската историја.

Последен пат јанта Волеј беше првак на Македонија во 2021 година

Back to top button
Close