Јанушев пријавил дека добил на подарок градежно земјиште во Општина Центар.

Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев во најновиот анкетен лист за имотната состојба пријавил дека во 2023 година по основ на договор за подарок се стекнал со градежно изградено земјиште од 165 м2 во скопската Општина Центар. Според пријавеното, вредноста на земјиштето изнесува 20 милиони денари, или 325 илјади евра, и е со намена А2-2 станбено-деловна зграда, пренесе СДК.

Игор Јанушев беше назначен за генерален секретар на првата седница на новата влада минатиот месец, а беше пратеник во претходниот состав на парламентот.

Повеќе

Back to top button
Close