ВИДЕО: Јанушев во самоодбрана го нападна Мијалков: Наместо договорените 30 милиони евра, му наплатија само околу 350 илјади евра
На поткастот „На кавга со Иван“ генералниот секретар на владата Игор Јанушев се обиде да објасни дека плацот во строгиот центар на Скопје како што тој тврди во вредност од 320 илјади евра му го подарил неговиот татко кој заедно со сопругата живеат во родниот град на Игор ,Велес.
Парите како што тврди ги заработиле неговите родители татко инжењер по металургија во пензија и мајка сопственикна три аптеки во Велес,исто така во пензија.„Што е чудно двајца интелектуалци да продадат се што заработиле и да го купат плацот во Скопје“ се правда Јанушев и ги отфрли шпекулациите за пари кои наводно ги добил како провизија при купување Кинески автобуси кога беше директор на Скопското ЈСП за кое СЈО му поднесе кривича пријава која на суд заврши со 2 годни условна казна која со измена на кривичниот законик лани му беше избришана.
На плацот тој изгради зграда во која има стан од 160 квадрати а стан од 145 квадрати и деловен простор од 140 квадрати има и сегашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски другар од детството со Игор Јанушев. Потписник на договорот за поклон на плацот како адвокат го потпишал токму Панче Тошковски.
Опозициската СДСМ со денови го повикува и Јанушев и Тошковски да објаснат како е дојдено до плацот во строгиот центар на Скопје за што го покажа и јавно договорот за поклон со потпис на министерот Тошковски.
На прашање на новинарот Мирчевски во поткастот Јанушев прилично нервозно реагираше и остана на тврдењето дека му е поклон од родителите интелектуалци,се обиде да објасни зошто во анкетниот лист поклонот на плацот бил дополнително впишан и додаде дека тоа што Тошковски има стан во зградата и деловен простор не е ништо чудно затоа што тие од деца другарувале во Велес.
Јанушев побара и на судијата Осман Шабани кој го судел предметот со плацот да му се провери потеклото на имотот. Сепак нај интересно во одбраната е што Јанушев го вмеша и Сашо Мијалков кој се спогоди со обвинителството да плати 39 милиони евра и дестици станови за поблага казна за случајот Империја.
Мијалков затворот кој го доби ги одлежа во отворениот затвор во Струга и официјално беше потврдено дека неговиот работен ангажман во затворот е шофер на комбето за набавки а во меѓувреме беше даден и еден од одземените станови на лицитација кој случајно или не го купи фирмата со која управува синот на Мијалков,Јордан. Во поткастот синоќа Јанушев го вмеша и Мијалков со тврдење дека од 30 те милиони евра од спогодбата одговорно тврди дека на Мијалков му се земени само 350 илјади евра. и повика истото да се провери