Апасиев му порача на Мицкоски да го смени Тошковски: Ич не ти чини адвокатот!
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го сподели текстот објавен во најновиот број на неделникот „Фокус“ со наслов „Мицкоски бараше извинување, но доби сметка за судски трошоци“, каде се обработува судски спор покренат од премиерот Христијан Мицкоски против Апасиев.
„Друже Мицко бе, па мене тато не ми заврши чколија, туку сам си учев. И смени си го адвокатот, не ти чини ич“, напиша лидерот на Левица на Фејсбук.
Инаку, Мицкоски по судски пат бараше извинување од Апасиев бидејќи пренел невистинити обвинување за тендерски постапки. Сепак, судот ја отфрли тужбата на Мицкоски, чиј адвокат во случајот бил Панче Тошковски, актуелен министер за внатрешни работи.