Апасиев прогнозира дека ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе гласа „за“
Значи ќе имаат педесетина пратеници, ќе донсеат уставни измени, ќе направат влада со ДУИ или БЕСА и ќе се перат четири години дека не ги донселе уставните измени, вели Апасиев и додава дека СДСМ секогаш ќе гласа за уставни измени и од позиција на власт и од опозиција.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе уставните измени, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во денешното гостување во Аргумент плус.
– Слушајте ми го зборот, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи уставните измени и тоа моја претпоставка е дека ќе ги направат во тој меѓупериод од преод од техничка влада во политичка влада. Значи ќе имаат педесетина пратеници, ќе донесат уставни измени, ќе направат влада со ДУИ или БЕСА и ќе се перат четири години дека не ги донселе уставните измени – вели Апасиев и додава дека СДСМ секогаш ќе гласа за уставни измени и од позиција на власт и од опозиција.