Апасиев: Во тек е операција за поткуп на 5 пратеници, сумите достигнуваат пола милион евра

Во тек е операција на СДСМ за поткуп на 5 пратеници со суми од 100 до 500 илјади евра, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев на Канал 5.

-Ги знам по име и презиме – рече Апасиев.

Запрашан за неговиот постизборен статус на фејсбук: „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, тој рече:

„Што напишав-напишав, нема потреба да се правдам, нека повели обвинителството…“.

Тој порача дека не ги признава изборните резултати, бидејќи, како што рече, им биле украдени 3 пратеници.

-Ова не беа избори, ова беше масакар. 10 милиони евра се истурија директно, 100 милиони евра наоколу. Опцијата беше да нема избори среде пандемија, час порано нели требаше да има избори, а после си отидоа на одмор во Брајчино – истакна Апасиев.

Апасиев во емисијата кажа дека добива закани по живот.

За заканите тој ги обвинува Агенцијата за разузнавање и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„За втор пат, добив закани по живот за мене и за моето семејство бидејќи знаат дека не можат да ме поткупат и тоа доаѓа од две структури. Од структурата на Пендаровски преку Агенција за разузнавање со радикални елементи за кои ќе го документирам случајот и со мојот адвокатски тим. Чекам да стекнам пратенички имунитет, па да покренам процедура. Другата закана е директно од Заев преку еден негов пајташ во изборната едница 3 на кој јавно му порачувам дека не треба он да ме бара, туку само уште еден збор да ми прати или било што да ми се закани, не он да ме најде, јас ќе го најдам него за 24 часа. Кога нема систем да те штити, ти си должен да се самозаштитиш. Најодговорно кажувам дека мене ми се заканува и дека ова нема така да помине“, вели Апасиев./Фокус

Back to top button
Close