Јапонија издвојува уште 302 милијарди долари за поддршка на економијата

– Јапонската Влада планира дополнителни 302 милијарди американски долари за директно трошење во буџетски расходи, како дел од вториот пакет мерки за ублажување на економските последици од пандемијата на коронавирус, а одлуката за тоа се очекува денеска, јави весникот „Маиничи“.

Потрошувачката во износ на 32,5 трилиони јени (302 милијарди долари) ќе биде дел од стимулативната програма вредна 110 трилиони јени, се вели во написот во весникот, без да се посочат извори за информацијата.

Оваа сума ја надминува вредноста на претходното зголемување на буџетските расходи за економска поддршка од 25,6 трилиони јени, со што ќе се надминат претходното ветување на државата дека ќе обезбеди вкупно 58 трилиони јени, со цел да се намалат неактивните ефекти од здравствената криза врз економската активност.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе на прес-конференција рече дека вкупниот обем на стимулации од двата економски пакети ќе надмине 200 трилиони јени, што е околу 40 проценти од бруто домашниот производ на Јапонија.

Back to top button
Close