Јапонија протерува осум руски дипломати

Јапонија денеска соопшти дека протерува осум руски дипломати и други функционери поради смртта на цивили во Украина, опишувајќи го притоа како „апсолутно неприфатливо“ руското кршење на меѓународното право.

„Како резултат на целосната проценка направена од нашата земја, побаравме протерување на осум дипломати од руската амбасада во Јапонија и претставници на трговското претставништво на Руската Федерација“, изјави портпаролката на јапонското Министерство за надворешни работи, Хикарико Оно.

Многу држави изминатите денови соопштија дека протеруваат руски дипломати, главно наведувајќи ги како причина извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили во Украина.

Back to top button
Close