„Apple“: Вработените се враќаат на работните места до септември, сепак компанијата нуди посебни апликации за нив?!

Вработените да се вратат на своите работни места до септември годинава, гласи последната одлука на компанијата „Apple“ која ја преточија во меморандум испратен до своите вработени.

Извршниот директор на компанијата, Тим Кук се огласи по овој повод, и потенцираше дека вработените до септември ќе мора да се вратат на своите работни места во канцеларија со минимум присуство од три дена во неделата.

На дел пак од вработените, ќе им биде овозможено да работат надвор од компанијата во останатите два работни дена.

Повикувајќи се на Би-би-си, „Фена“ пренесува дека оние пак кои треба да бидат задолжително присутни, ќе се вратат со комплетни часови и работни денови во канцелариите.

Меѓудругото, новината која ја воведе „Apple“  е дека вработените ќе можат да аплицираат за можност да работат надвор од канцелариите во текот на две недели во годината.

Но, истите барања ќе мора да ги потврди менаџерскиот тим на големата брендирана компанија во светот.

Back to top button
Close