Аристотел Оназис – Се оженил од корист, бил во брак со Жаклина Кенеди и спиел со нејзината сестра. Починал болен во рацете на Марија Калас
Еден од најмоќните луѓе родени во Грција, секако, бродовласникот и еден од првите сопственици на бродови што почнал да гради танкери за нафта на кои заработил огромно богатство, Аристотел Оназис.
Освен по огромното богатство поради кое стекнал голема моќ и углед, Оназис бил познат и по својот развратен начин на живот.
Тој се прослави по долгогодишната љубовна врска со оперската пејачка Марија Калас, како и бракот со Жаклин Кенеди, вдовицата на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, кој беше убиен во 1963 година во Далас.
Неговиот љубовен живот е повозбудлив дури и од холивудските филмови, а поради начинот на кој се однесуваше со своите „љубовници“ се здоби со имиџ на развратник.
Беше познат по тоа што ги заведуваше најголемите убавици, кои поради него беа подготвени да ги прекинат нивните бракови.
Во декември 1946 година, Оназис се оженил со Атина Ливанос, ќерка на големиот бродоградител Ставрос Ливанос со која добил две деца. Причината за овој брак најверојатно не била љубовта, туку чувството за бизнис на Оназис. Преку него си обезбедил пристап до кругот на сопствениците на бродови, кои сепак го прифатиле со сомнеж и претпазливост. По разводот, Атина се омажила за вдовецот на нејзината сестра и деловен ривал на Оназис, Ставрос Нијарчос.
Фаталната средба
Оназис и Марија Калас се сретнале на бал во Венеција во 1957 година, кога и двајцата биле во брак. Таа со 30 години постариот Џовани Батиста Менегини, а тој со Атина. Сепак, фатално се заљубиле. Станале најпопуларната и најинтригантна двојка од 60-тите години на минатиот век, а нивниот турбулентен живот донекаде потсетувал на старогрчка драма.
Веќе на првата средба меѓу нив се разгореле страстите. На 34-годишна возраст, Марија била на врвот на својата слава, а критичарите ја нарекле „божицата со единствен глас“. Две години по нивната прва средба, Аристотел ја поканил на крстарење по Медитеранот на кое таа отишла со нејзиниот сопруг. Нивната хемија и емоции биле невозможно да се игнорираат. Сите на бродот, вклучително и неговата сопруга Атина, знаеле дека настанува бура…
Кога патувањето завршило, Марија побарала развод од Џовани. „Сакам да останам со Аристотел“, му рекла. Менегини бил вон себе и јавно го нападнал Оназис, кој се обидел да го смири во свој стил. “Колку сакаш за Марија? Пет или десет милиони?”, го прашал. Сепак, самиот Оназис не размислувал за развод. Сакал да има и љубовница и жена. Кога конечно се развел, и предложи брак на Марија.
Кога Калас забременила, Оназис реагирал грубо. Тој веќе имал две деца и се прашувал зошто би сакал уште едно. Додека била бремена, Марија одбивала било кој да ја види. Таа на 30 март 1960 година родила момче кое живеело само неколку часа.
Врската со Оназис, душевната болка што ѝ ја предизвикувала бурната љубов, сето тоа се одразило на нејзината кариера. Марија Калас сè повеќе посегнувала по лекови за смирување и апчиња за спиење. Кога почнало да се пишува и зборува за аферата на Оназис со Лу Раџивил, сестрата на Жаклин Кенеди, Марија сакала да си го одземе животот. Оназис ја пронашол во нејзиниот стан во Париз. Иако никогаш навистина не се развел од неа, никогаш не пропуштал прилика да ја повреди.
„Имај на ум, љубов, дека ти не си моја жена, ниту домаќинка во куќата, ти си само гостин“, често ѝ велел.
Првата дама на САД паднала „како покосена“
Сите беа изненадени кога поранешната прва дама на САД, Жаки Кенеди, пет години по смртта на нејзиниот сопруг Џон Кенеди, се омажи за 23 години постариот грчки богаташ. Гозапознала за време на нејзиниот есенски одмор во 1963 година, кога била поканета на луксузната јахта на Оназис, Кристина. На тоа патување била поканета од нејзината помлада сестра Ли Раџивил, која и самата наводно имала романса со Оназис.
И се случила љубов. Оназис првпат се појавил во јавноста со Жаклина Кенеди во 1964 година, а Марија Калас умирала од љубомора. Се венчале во 1968 година на инсистирање на Жаклина бидејќи Имала чувство дека вонбрачната релација ги срами нејзините деца. Четири месеци претходно, Роберт Кенеди, братот на нејзиниот покоен сопруг, бил убиен во Лос Анџелес. Таа тогаш одлучила дека е попаметно да ги напушти САД со своите деца. Бракот со Оназис имал смисла, ѝ ги даде парите и моќта кои ѝ биле во тој момент очајно потребни.
Меѓутоа, Оназис набрзо побарал развод, кој не можел да го добие поради немање основа според грчките закони. Во тој период често се обидувал да ја види Марија Калас. Веќе во 1969 година, една година по бракот со Кенеди, неговите посети во куќата на Марија станувале се почести. Во една прилика, во ноќниот клуб Максим, Оназис гласно извика: “Колку е добро да повторно да се почувствуваат дебелите колкови на Марија. Сит сум од коските дома!” Кон крајот на нивниот брак, Жаклина се преселила во Њујорк, каде што останала до нејзината смрт.
Семејно проклетство
Голема трагедија го погодила семејството Оназис. Александар Оназис, синот на Аристотел загина во авионска несреќа. Тоа многу тешко ја погодило неговата прва сопруга Атина, која починала набргу потоа.
Неговата ќерка Кристина Оназис има значајно место во неговата деловна империја „Оназис“,и се докажала како достојна наследничка на нејзиниот татко. Но, за жал, нејзиниот приватен живот не бил лесен. Се омажила четири пати и кратко потоа се разведувала. Со нејзиниот четврти сопруг, Тајри Росел, таа ја добила ќерката Атина. Но, Тајри повеќе го интересирале милионите на сметката отколку нивната сопственичка, а штом ја здогледал убавата Швеѓанка Маријана „Габи“ Ландаж, дури и парите го изгубиле сјајот. На 18-ти ноември Кристина Оназис 1988 година била пронајдена мртва, гола и сама, во хотел во Буенос Аирес откако, според сомневањата, се предозирала.
Кармата го стигнала Аристотел
По смртта на неговиот син Александар во 1973 година, Аристотел се почесто се разболувал. Боледувал од пневмонија. Кога почувствувал дека му се ближи крајот, побарал Марија Калас да дојде кај него. „Таа треба да дојде, мојата сопруга да дојде“, рече тогаш.
Блиските пријатели велат дека Марија Калас лежела будна цела ноќ во неговиот кревет. “Те сакав. Не секогаш добро, но колку што можев”, и рекол тогаш, а таа му простила. Оназис починал во 1975 година, а Марија се вратила во својот стан во Париз и живеела осамено – речиси како пустиник. Починала во септември 1977 година на 53-годишна возраст од срцев удар.