Армијата на Аракан тврди дека зазела стратешки важен град во Мјанмар


Бунтовничката група во Мјанмар, Армијата на Аракан денеска соопшти дека презела контрола над стратешки важниот град, Палетва, лоциран во близина на границата со Индија и Бангладеш.

Палетва е прв град за кој се тврди дека е под контрола на бунтовниците од Армијата на Аракан, која во средината на ноември поведе офанзива врз градовите во сојузните држави Чин и Ракјан.

Хунтата во Мјанмар не ги коментираше наводите на Араканска армија.

Армијата на Аракан заедно со Армијата на мјанмарската национална демократска алијанса и Национално ослободителната војска Танг се членки на сојузот под име Алијанса три братства, која неодамна освои стратешка територија во североисточниот дел на Мјанмар откако на 27 октомври започна координирана офанзива на 27 октомври во северната сојузна држава Шан, што се наоѓа на границата со Кина.

Армијата на Аракан е добро обучено и добро вооружено воено крило на движењето на етничкото малцинство Ракин, кое бара автономија од централната влада на Мјанмар. Поради воената операција против бунтовниците во 2017 година околу 740.000 припадници на муслиманското малцинство Рохинџи од Ракин пребегаа во Бангладеш. Ракин е познат и по постарото име Аракан

Back to top button
Close