Арсенал пријави загуба и покрај рекордниот приход

– Загуба од 21,4 милиони евра за сезоната 2023/24 пријави англискиот фудбалски прволигаш Арсенал и покрај рекордните приходи, кои изнесуваат околу 745 милиони евра, објави денеска клубот во финансискиот извештај.
Враќањето на лондонскиот клуб во Лигата на шампионите ги зголеми приходите кои од 564 се искачија на 745 милиони евра, а благодарение на учеството во елитното европско клупско натпреварување, приходите од ТВ правата се зголемени и за околу 86 милиони евра.
Сепак, заработката на играчите и вработените се зголемила од 284 милиони на 396 милиони евра во истиот период, што ги објаснува настанатите загуби

Back to top button
Close