Арсенал со рано водство во финалето, Париз Сен Жермен без одговор во првото полувреме

Првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите меѓу Париз Сен Жермен и Арсенал заврши со водство од 1:0 за англискиот тим.

Единствениот погодок во првите 45 минути го постигна Каи Хаверц во 6. минута од натпреварот, кога ја искористи шансата пред голот на ПСЖ и му донесе рана предност на Арсенал.

По водечкиот гол, лондонскиот клуб успешно ја контролираше играта и ја зачува предноста до заминувањето на паузата, додека ПСЖ се обидуваше да стигне до израмнување.

Арсенал така на полувремето има минимална предност од 1:0 во борбата за најпрестижниот европски клупски трофеј, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close