Aрсовска ќе ја става на дневен ред одлуката за купување 50 еко автобуси се додека совениците не ја одобрат

Градоначалничката нагласи дека сите оние што декларативно кажале дека ја поддржуваат програмата „За модерно Скопје“ сега треба да го докажат тоа и во пракса и да ја поддржат набавката на екоавтобуси, а во спротивно одговорноста ќе биде кај нив

Кон крајот на јануари годинава Арсовска не ја доби поддршката ниту од советниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту од оние на СДСМ по однос на нејзиното барање да се обезбеди кредит од десет милиони евра за набавка на еколошки автобуси

Иако пред неполни два месеца советниците во Советот на Град Скопје не го поддржаа предлогот на скопската градоначалничка Данела Арсовска за одобрување кредит од 10 милиони евра за набавка на педесетина екоавтобуси, таа вели дека нема да отстапи од нешто што било ветено во нејзината програма.

Точката за набавка на еколошки автобуси, децидна е Арсовска, ќе биде на дневен ред на секоја седница на Советот сè додека самите советници не ја изгласаат, зашто, како што вели, граѓаните се тие што го изгласале ова.

„Граѓаните сметаат дека е потребно не само да се реформира јавниот превоз туку и да добијат јавен превоз што ќе биде за нив достапен, пристапен, сигурен, безбеден, меѓутоа и еколошки. Постојат некои стандарди што е неопходно да ги исполниме, а тоа е едно од нештата што беа ветени и мора да се реализира“рече Арсовска одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на биотехнолошката лабораторија во средното училиште „Марија Кири-Склодовска“.

Скопската градоначалничка нагласи дека сите оние коишто декларативно кажале дека ја поддржуваат програмата „За модерно Скопје“ сега треба тоа да го докажат и во пракса и да ја поддржат набавката на екоавтобуси.

„А доколку не го направат тоа, одговорноста ќе биде исклучиво кај нив“истакна Арсовска.

Кон крајот на јануари годинава Арсовска не ја доби поддршката ниту од советниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту од оние на СДСМ по однос на нејзиното барање да се обезбеди кредит од десет милиони евра за набавка на еколошки автобуси.

Арсовска не ја доби поддршката од советниците за набавка на екоавтобуси со кредит од 10 милиони евра

Во предизборната кампања скопската градоначалничка вети набавка на 250 еколошки автобуси и бесплатен автобуски превоз за скопјани.

Back to top button
Close