Арсовски: Параполициските структури на СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семeјства

Сooпштение на ВМРО ДПМНЕ

Параполициските структури на СДСМ мотивирани единствено од политички причини да допринесат за владеење на овој хибридно криминален режим воден од фамилијата Заеви и СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства и најблиски.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е цел на нелегално телефонско и физичко следење. Ова следење е организирано и реализирано преку двете безбедносни агенции со кои што раководат СДСМ и Зоран Заев. За ова постојат сериозни докази и ова ќе биде докажано на два начини. Веднаш штом се формира новиот парламентарен состав и мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде поднесено барање до соодветните парламентарни комисии кои ќе треба да извршат надзор врз овие две агенции за да се утврди следењето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Јавното Обвинителство со соодветни докази кои ќе бидат приложени  кои треба да ја обелоденат вистината за ова параполициско нелегално следење од двете безбедносни агенции во Република Македонија водени од Зоран Заев и СДСМ.

Во моментов правосудните органи се заробени од Зоран Заев преку „трас трас“ судството кое директно е управувано од адвокатот на Заеви, Филип Медарски, добро познат на јавноста како управува со ова правосудство. Значи од една страна Зоран Заев преку братот на своето обезбедување кој е началник во МВР во секторот за следење, директно СДСМ и Заев го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна не може никој да одговара за истото следење бидејќи адвокатот на Заеви, Филип Медарски управува со „трас трас“ судството.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и затоа ќе победи на изборите. Со СДСМ и Заев добивме единствено хибриден режим, неспособност и сиромаштија.

Едно морам да напоменам и да ги предупредам сите инволвирани кој ги прават овие незаконски дејствија, верувајте дека ќе дојде ден кога СДСМ и Заев нема да се на власт и Заев нема ниту да ве познава ниту да може да ве заштити како и сите останати ќе ве пушти низ вода. Тој ден сите инволвирани ќе сносат одговорност согласно законот кој што ќе завладее во Република Македонија. Затоа размислте уште еднаш дали вреди да го правите ова за еден пропаднат политичар и криминалец како Зоран Заев.

 

Back to top button
Close