Атина повеќе не издава дозволи за издавање станови на ден
Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во центарот на Атина ќе остане во сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на ваквите летни места.
Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалното население кое се соочува со недостиг на станови.
Недостигот на станови и зголемените животни трошоци ги поттикнаа властите овој месец да објават одлука за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана за нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања.Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година.
Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени.
Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии Костис Хацидакис. Во зимските месеци таксата ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра.
Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд.
Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – надоместок во висина од 20 евра за посетителите од крстаречките бродови кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.