Австралија им забрани на странците да купуваат недвижнини

Австралија одлучи да ги забрани странските купувачи на станбени единици на две години со цел да ја зголеми понудата на пазарот.

Оваа забрана ќе важи од 1 април 2025 година до 31 март 2027 година, а потоа ќе се разгледа можноста за нејзино продолжување. Овој потег се очекува да врати околу 1.800 станбени единици на пазарот.

Владата планира дополнителни реформски мерки за изградба на 1,2 милиони станбени единици до 2030 година. Овој потег има за цел да ги ублажи високите кирии, кои станаа најголем трошок за австралиските граѓани. (Трн.мк)

Back to top button
Close