Австрија ќе донира дел од своите вакцини и за Mакедонија

Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 и од Aвстрија, која ќе даде пет отсто од своите и за земјите од Западен Балкан, соопшти амбасадорот во земјава Георг Вуцас во новогодишната честитка.

„На Новата 2021 година гледаме оптимистички. Австрија не само што ја поддржува Македонија со итно потребните медицински средства. Австрија исто така ќе даде на располагање пет отсто од сопствените дози на вакцини против ковид-19 за Западен Балкан. Европската Унија не би била комплетна без интеграцијата на Западен Балкан. Токму затоа Австрија, во рамки на процесот на интеграција, максимално се залага за што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција во 2021 година“, вели Вуцас, чија земја ја поддржа преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Back to top button
Close