Азиските земји во развој во рецесија првпат после 60 години

 Пандемијата на коронавирусот ги втурна азиските економии во развој во рецесија за првпат по 60 години, соопшти денеска Азиската банка за развој (АДБ).

Економијата во таа група азиски земји годинава ќе се намали за 0,7 проценти, наведува АДБ во ажурираните проценки, менувајќи ја јунската проценка дека се очекува пад на активностите за 0,1 процент.

Ова значи дека регионот ќе биде во рецесија за првпат од 60-тите години на минатиот век.

Во 2021 година, банката предвидува силно закрепнување, со проценета стапка на раст од 6,8 проценти.

Проценките на АДБ се речиси исти со проценките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Back to top button
Close