Бајден и Нетанјаху се договорија за непрекинат проток на помош за Газа

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа.

Втор конвој камиони синоќа влезе од Египет во Појасот Газа.

„Бајден и Нетанјаху имаа телефонски разговор во кој потврдија дека ќе има континуиран проток на оваа критично важна помош за палестинското население во Газа“, се вели во соопштението на американското претседателство.

Back to top button
Close