Бајден изрази сочувство до семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази сочувство до семејствата на жртвите од хеликоптерската несреќа во Украина и додаде дека САД ќе му оддадат почит на загинатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, кој, како што рече, „континуирано бил посветен на зачувување на демократијата во Украина“.

„Ќе го почитуваме тоа наследство преку напорите да ги зајакнеме украинските институции, како и со нашето партнерство со народот на Украина за заедно да го одржуваме пламенот на слободата“, рече Бајден.

Најмалку 14 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа вчера кога хеликоптер се урна во близина на градинка во киевското предградие Бровари. Во хеликоптерската несреќа загинаа и првиот заменик-министер за внатрешни работи Евхен Јенин и државниот секретар на Министерството Јуриј Лубкович.

 

Back to top button
Close