Бајден рече дека отсекогаш осудувал политичко насилство

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека „секогаш го осудувал политичкото насилство“ еден ден по вториот наводен обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

– Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство и секогаш ќе го осудувам, рече Бајден.

Трамп по вчерашниот инцидент, за кој постои сомнеж дека бил уште еден обид за атентат врз него, изјави дека е предизвикан од реториката на Бајден и на американската потпретседателка Камала Харис.

– Во Америка нашите спорови ги решаваме по мирен пат на избори, а не под закана со оружје, рече претседателот на САД.

Според Трамп, зборовите на Бајден и Харис предизвикале да се пука врз него.

Back to top button
Close