Бела куќа: Хезболах го изврши нападот на Голанската висорамнина

Либанската група Хезболах го изврши ужасниот напад на Голанската висорамнина, во кој вчера загинаа дванаесет деца на возраст од 10 до 16 години, соопшти Белата куќа.

„Овој напад го изврши либанскиот Хезболах. Тоа беше нивна ракета истрелана од област што ја контролираат“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Адријана Вотсон.

„Нашата поддршка за безбедноста на Израел е цврста и непоколеблива пред сите закани што доаѓаат од Иран, вклучително и Хезболах“, рече Вотсон.

Таа додаде дека САД работат и на дипломатско решение за границата меѓу Израел и Либан „кое еднаш засекогаш ќе стави крај на сите напади и ќе им овозможи на граѓаните од двете страни на границата безбедно да се вратат дома“.

Претходно денеска, Либан повика на меѓународна истрага по смртоносниот напад, додека Израел вети дека „ќе го погоди непријателот со сила.

Back to top button
Close