Белградската „Штарк арена“ повторно станува ковид-болница

Белградската „Штарк арена“ од понеделник повторно ќе биде претворена во привремена ковид-болница која ќе има капацитет од 500 легла и ќе биде наменета за примен на заболените со ковид-19, соопшти српското Министерство за здравство.

Од вторник и Ортопедската клиника во Белград повторно ќе биде ковид-болница.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, по состанок со директорките на ковид-болниците изјавил дека само во текот на изминатата ноќ биле хоспитализирани 130 пациенти со ковид.

„Тоа значи дека станува збор за сериозна клиничка слика и дека морале да останат во болница. Секој ден се хоспитализираат повеќе од 100 пациенти и треба да обезбедиме капацитети за тоа“, изјавил Лончар.

За да стане ковид-центар се подготвува и болницата во Пожаревац.

Поради влошувањето на состојбата со коронавирусот во Србија во неколку градови има вонредна состојба, меѓу кои се и Белград и Шабац.

Back to top button
Close