Белоруската опозиција подготвува листа на лица кои ја злоупотребиле моќта

 Белоруската опозиција подготвува посебна листа на официјални лица и припадници на полицијата кои учествувале во злоупотреба на моќта.

Листата ќе биде наречена по Александар Тарајковски, кој почина за време на протестот на 10 август.

– Ги добивме имињата на тие кои мачеа и тепаа луѓе. Поради тоа подготвуваме посебна листа на официјални лица и припадници на полицијата кои учествуваа и понатаму учествуваат во злоупотребата на моќта на милицијата, изјави поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја.

Таа додаде дека на листата се наоѓаат имиња на лица кои биле вклучени во тортура, илегални апсења и малтретирање на затвореници.

Белоруската опозиција планира листата да ја предаде до Украина, Турција, Русија, Европска Унија и САД.

Back to top button
Close