Бериша побара протерување на рускиот амбасадор и повлекување на албанскиот

Поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, кој повеќе од сигурен е дека ќе застане на чело на опозициската Демократска партија, побара од Владата под итно да го протера рускиот амбасадор во Тирана и да го повлече албанскиот од Москва, јави дописничката на МИА од Тирана. 

Исто така, тој бара доведување до „максимален минимум на дипломатските односи со Русија како потврда на ставот за несогласување со овој агресор кон една слободна земја”.  

Тој го поддржува апелот на украинскиот претседател Володимр Заленски,  упатен при денешното видео обраќање пред албанските пратеници, да се ограничи влезот на руски туристи во Албанија и затворање на пристаништата за Русија. 

 – Апсурдна е одлуката на Владата да се укинат визите за руските граѓани и апелот на Еди Рама  руските туристи да дојдат во Албанија. Ова беше сериозна навреда за Албанците. Каква беше оваа покана до Русите кои ја водат најнеправедната војна во целата своја долга историја. Затоа, итно барам укинување на визите за руските граѓани кои сакаат да влезат во Албанија, рече Бериша.  

Back to top button
Close