Берни Сандерс: Трамп застана на страната на еден од најбруталните диктатори во светот, ова е тажен ден во американската историја
Американскиот сенатор Берни Сандерс го обвини претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници дека се на страната на рускиот претседател Владимир Путин, предупредувајќи дека таквиот сојуз ги загрозува демократските вредности и меѓународните сојузи.
„Трамп и неговите американски олигарси сега отворено се усогласуваат со Путин и неговите руски олигарси. Овој сојуз меѓу Путин и Трамп значи напуштање на нашите сојузници, поддршка на авторитаризмот и поткопување на нашата демократска традиција“ напиша Сандрес во објава на социјалната мрежа Икс.
„Трамп застана на страната на еден од најбруталните диктатори во светот, ја загрози независноста на Украина и ги напушти нашите повеќедецениски европски сојузници. Ова е тажен ден во американската историја“додаде тој.
Коментарот на Сандерс, еден од најистакнатите демократски прогресивни политичари, дојде откако Трамп остро го критикуваше својот украински колега Володимир Зеленски нарекувајќи го „диктатор“.
„Неизбраниот диктатор Зеленски подобро да побрза, или нема да остане ништо од неговата земја. Во меѓувреме, ние успешно преговараме за крај на војната со Русија, нешто што сите признаваат дека само администрацијата на Трамп може да го направи“напиша Трамп на неговаа социјална мрежа Трут сошал.
Зеленски му одговори на Трамп дека живее во „простор на дезинформации“, велејќи дека се надева оти тимот на Трамп подобро ќе ја разбере „вистината за Украина“.