Беше директор во тимот на Данела сега удри по неа. Градот е депонија, ништо не работела само ,,палела” коли

Ексдиректорот на Градски паркинг, Бојан Христовски, жестоко удри во скопската градоначалничка, Данела Арсовска. Откако беше запален автомобилот на Драги Митковски-Книга, Христовски вели дека Арсовска е во хибернација освен што пали низ Скопје.

 

Ова не е Скопје на кое ние се сеќаваме! Огромен број мои сограѓани денес се одзваа на повикот за будење на Данела, но таа сеуште е во хибернација (освен што пали низ Скопје). Во екот на летната сезона, со температури над 40 степени, Скопје е преплавено со непријатна миризба од сметот кој се цеди од камионите на Комунална хигиена. Камионите на ЈП “Комунална хигиена” оставаат зад себе течност со бактерии која возилата ја разнесуваат низ цело Скопје. Градската власт не прави ништо—ниту ги мие, ниту ги дезинфицира јавните површини и контејнери“, вели Христовски

Според него, асфалтот лепи, реата е неподнослива, а градот е претворен во легло на зарази.

“Градот е претворен во јавна депонија, а ситуацијата е критична. Скопје не може повеќе да ја трпи немарноста и садизмот на Арсовска кон жителите и градот Градоначалничката директно го загрозува јавното здравје на скопјани и за тоа треба да сноси одговорност! Дополнително, ЈП “Комунална хигиена” е целосно распадната и нефункционална, не се следат никакви распореди за собирање ѓубре, а прашање е дали има и доволно камиони. Да Ве потсетам дека додека ние редовно ги плаќаме сметките и огромни средства се слеваат во буџетот на ова јавно претпријатие, токму за време на мандатот на Данела Арсовска се сменија неколку директори и се случија бројни проблеми и скандали во работењето. Прашањето е дали претпријатието има соодветна механизација и доволно вработени, или сè е распарчено од директорите на Арсовска? Многу одговори ќе треба да се добијат преку финансиски ревизии откако скопјани ќе и дадат црвен картон на следните Локални избори во 2025 година“, додава Христовски.

 

 

Back to top button
Close