Беше мајка на 10-месечно бебе: Јасмина Василковска е името на 40-годишната жена која спаси три човечки животи

Филипче откри дека донорот на срце и бубрези е 40-годишната Јасмина, мајка на 10-месечно бебе.

„Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша Филипче на Фејсбук.

Back to top button
Close