Без вода утре дел од корисниците во Чаир

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Кумбара“ бб, во близина на авто школа „Хирда“, утре прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците „Исмаил Кадаре“ и дел од „Кримска“ во скопската Општина Чаир.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираа дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот, па се до завршување со активностите.

Back to top button
Close