Бигорскиот манастир е подготвен за Бадник и Божиќ
Од манастирот ги повикуваат сите верници да им се придружат на богослужбите и празничните активности и заедно да го прослават Рождеството Христово
Бигорскиот манастир ќе биде домаќин на Бадниковите и Божиќните празнувања што почнуваат од утре наутро со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на бигорската обител.
Од манастирот ги повикуваат верниците да им се придружат на богослужбите и празничните активности да го прослават Рождеството Христово
„Утре во 7:30 часот ќе биде отслужена Божествена литургија во спомен на светецот Наум Охридски, а во 16 часот почнува вечерната богослужба“ информираат од Бигорскиот манастир.
Во понеделник во 6:30 часот ќе биде отслужена утринска богослужба, а еден час подоцна, царските часови за Рождеството Христово. Во 9:30 часот ќе биде отслужена голема вечерна богослужба со Света Василиева литургија.
Вечерта, од 18 до 19:30 часот ќе има Бадникова закуска со пеење на божиќни каланди.
Потоа, во 21 часот почнува сеноќно бдеение во чест на Рождеството Христово, големо повечерие со литиски и стиховни, како и утрена и Божествена Василева литургија со која ќе чиноначалствува владиката Партениј.
„На божиќните празнични богослужби можат да присуствуваат сите што имаат желба да го прослават Риждеството Христово, заедно со монашкото братство“,велат од Бигорски