Битиќи: 650 милиони евра ќе одат кај домашните компании преку договорот со Бехтел и Енка  

Конечно е дојдено време да покажеме нов начин на градење, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Канал77. Тој додаде дека изминатите 30 години во земјава се граделе по пет километри патишта годишно.

-Толкав е и капацитетот на градежниот сектор во земјава. Сега во договорот со Бехтел и Енка стои дека 51% мора да бидат домашни подизведувачи. Ако договорот е 1,3 милијарди евра, тоа се 650 милиони евра кои ќе одат кај домашните компании. Но, нема да може веќе во петок да одмараме зашто утре ќе биде ден за одмор. Две години се гради клучка и нормално е граѓаните да се критични. Не можете да очекувате фирма со 20 вработени да гради автопат и затоа го отворивме прашањето за увоз на странска работна сила, кажа Битиќи.

Тој додаде дека во договорот со Бехтел и Енка се предвидени и пенали доколку не се испочитува рокот за изградба.

-Автопат ќе има и ќе биде едно од најдобрите решенија коишто сме можеле да ги дадеме и тоа ќе придонесе за економски развој. Просекот за цена по километар во државата е околу 11,2 милиони евра, истакна вицепремиерот.

Back to top button
Close