Битиќи: Јас прифаќам различности за разлика од Давкова која мене ме чита како Среќко

Тој во дебатата рече дека нема да прекине да зборува за ксенофобијата и албанофобијата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нивната реторика не носи добро за граѓаните.

-Ги споменувате албанчињата. Ова е едно момче од Ченто, од Студеничани кое заврши претепан од група на ваши симпатизери. Брутално претепан од 15 деца, тој и негово другарче – рече Битиќи покажувајќи фотографии од претепаните момчиња.

Тој додаде дека дека треба да се внимава со терминот „повторно твоја“, бидејќи ова е наша Македонија, на сите.

-Убаво ќе беше вашиот слоган да биде Македонија повторно наша, а не Македонија повторно твоја – рече Битиќи.

Тој додаде дека СДСМ ја прими пораката на граѓаните и дека доблесно е по примањето на таа порака да се промени, бидејќи ако не се промени нешто е проблематично.

-Ние ја добивме пораката дека не може да зборувате за ЕУ без европско однесување, вклучувајќи на наши и на функционери кои доаѓаат од други политички партии, а се дел од коалицијата. Затоа рековме дека веројатно една од цените која што ја плаќаме е токму таквото однесување – рече Битиќи.

Тој потенцира дека прифаќа различности, за разлика од Сиљановска-Давкова која не сака ни да види албански превод на документ.

-Прво и единствено ако има еден политичар кој покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од вашата партија и вашата кандидатка за претседател која што мене ме чита како Среќко ако памтите во Собрание, затоа што нејзе и смета дури да прочита документ, да види документ на албански – рече Битиќи.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ има ксенофобија на многу високо ниво, што кај него го нема.

-Низ мојот живот, а фала Богу, јас освен во политиката одлично сум работел и во другите сектори и сум живеел во оваа држава, сум покажал дека за мене доблест е прифаќањето на различностите – рече Битиќи.

Тој додаде дека многу работи ќе се сменат во вториот круг на претседателските избори и дека парламентарните избори допрва треба да се одржат, а сите партии и кандидати влегуваат со резултат 0:0.

Back to top button
Close