Битиќи: Мицкоски за пи-ар се кити со туѓи перја. Германско-белгиската EPSOTECH ја изработи мојот тим

-Да, да: има разлика! Некој се “кити со туѓи перја” и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка.

Благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период.

Работа а не PR е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува.

П.С. Заедно со EPSOTECH има уште 6 други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста (а од принципиелни причини и изборниот процес не беа обзнанени)- напиша поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи како реакција на денешната изјава на премиерот Мицкоски кој преку социјалната мрежа „Фејсбук“ најави германско-белгиска инвестиција.

Станува збор за германската компанија ЕПСОТЕХ која во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон во земјава, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра.

Back to top button
Close