Битиќи: Топлинска енергија ќе има, набавен е и гас

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска упати апел до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи топлинска енергија ќе има, откако вчерашното соопштение од компанијата БЕГ, која во јуни ја изгуби лиценцата за парно греење во Скопје, соопшти дека нема ниту законска основа, а ниту пак финансиски средства да го прави тоа, иако сè уште нема избор на нов вршител на дејноста и издавање нова лиценца.

Одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата за миграција на работна сила, Битиќи рече дека е обезбеден и гас.

„ЕСМ и’„Адора’ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Сè што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас“рече Битиќи.

Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.

„Дојдено е време да читаат и да толкуваат треба тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на приватниот партнер не сум задоволен, би сакал ЕСМ да го направи тоа“истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради.

И министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ги уверува родителите да се плашат бидејќи греење во градинките ќе има.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close