Битолчанец починал кај Старавина додека собирал шумски плодови

МВР информираше дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Старавина, Битолско, починал Р.Д. на возраст од 65 години од Битола.

Според пријавеното, тој починал додека собирал шумски плодови со негов пријател.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Back to top button
Close