Битолчанец со возилото удрил во бетонски столб, починал 80-годишниот сопатник
МВР информира дека вчера попладне во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Довлеџик“ во Битола, патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(54) од Битола, удрило во бетонски столб.
Од здобиените повреди на местото починал сопатникот М.К.(80) од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола.
Додека, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола