Блејк Лајвли го обвини режисерот Џастин Балдони за сексуално вознемирување

Познатата глумица Блејк Лајвли го обвини нејзиниот бивши колега, режисерот на „Завршува со нас“, Џастин Балони за сексуално вознемирување и за намерни обиди да ја уништи нејзината репутација.

За време на снимањето на филмот, тие дури имале состанок за да ги разгледаат нејзините обвиненија за непријатна работна средина. На состанокот присуствувал и мажот на Блејк, Рајан Ренолдс.

Според жалбите на Блејк, Балони ѝ покажувал видеа од голи жени, зборувал за неговата зависност од порнографија и ѝ раскажувал за неговите сексуални авантури во приватниот живот. Тој исто така го спомнувал нејзиниот починат татко, а и ја спомнувал и тежината на глумицата.
Другата страна во случајот тврди дека ова е очаен обид на Лајвли да си ја подобри сопствената негативна репутација која настанала како резултат на нејзини коментари за време на маркетирањето на филмот.

Back to top button
Close