Блинкен најави разговор со Лавров, првпат по почетокот на воениот конфликт во Украина

Државниот секретар Ентони Блинкен во наредните денови ќе зборува со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за првпат по започнатата руска инвазија на Украина при крајот на февруари.

Државниот секретар ова го кажа денеска на прес брифингот во Стејт департментот, и додаде дека во разговорот со Лавров тој ќе ги изложи проблемите со заточеништвото на Американците Пол Вилан и Бритни Грајнер.

– Тие се незаконски задржани, морат да бидат ослободени и да си дојдат дома, истакна Блинкен.

Укажа дека се водат интензивни преговори во кои се вклучени амбасадата на САД во Москва и друг дипломатски персонал.

Во разговорот со Лавров, Блинкен исто така ќе го изложи проблемот со извозот на жито од Украина со бродови од пристаништето Одеса на Црното Море.

– Имам намера да се осигурам Русија да ги исполни ветувањата дадени на ОН а со посредништво ма Турција за безбеден премин на тие бродови … ова е во фокусот на светската јавност со месеци … во време кога стотици милиони луѓе низ целиот свет чекаат ослободување на ова жито, снабдување на пазарите со милиони тони жито за намалување на цените на храната, рече тој.

Тој истакна и дека САД и партнерите и понатаму стојат зад народот на Украина во неговата борба да ја одбрани својата земја од руските напади.

Блинкен се надева дека Лавров нема да преговара за Украина, „бидејќи само народот и владата на Украина има право да го утврди тоа, како што кажавме и на почетокот ништо за Украина без Украина”.

Стејт департменот денеска ја одбележува 233 годишнината од свооето формирање.

Back to top button
Close