Блинкен: САД и партнерите презедоа мерки против оние кои ја загрозуваат стабилноста, напредокот и европската интеграција на регионот

Поранешниот премиер Никола Груевски и ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, се најдоа на црната листа на САД. Покрај нив, на црната листа се најдоа и Гордана Тадиќ, која беше главна обвинителка на Босна и Херцеговина и Слободан Маровиќ, поранешен претседател на заедничката држава на Србија и Црна Гора

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Стејт департментот и американското Министерство за финансии презеле одредени санкции за некои актери поради коруптивни и дестабилизирачки активности.

„САД и партнерите како Обединетото Кралство бараат одговорност од оние кои ја загрозуваат стабилноста, напредокот и европската интеграција на регионот“,напиша Блинкен на Твитер.

Поранешниот премиер Никола Груевски и ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, се најдоа на црната листа на САД.

Покрај нив, на црната листа се најдоа и Гордана Тадиќ, која беше главна обвинителка на Босна и Херцеговина и Слободан Маровиќ, поранешен претседател на заедничката држава на Србија и Црна Гора.

Во меѓувреме, Велика Британија воведе санкции за членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, поради нивните обиди да го нарушат легитимитетот и функционалноста на државата Босна и Херцеговина, се наведува на вебстраницата на Владата во Лондон.

 

 

 

Back to top button
Close