Блинкен: САД нема да признаат руска анексија на територии во Украина

– Ние и многу други земји јасно ставивме до знаење. Нема, никогаш нема да ја признаеме руската анексија на украинска територија, рече Блинкен на прес-конференција.
Проруските сепаратистички власти во Украина ги објавија првите резултати од референдумот за присоединување на републиките Доњецк и Луганск како и регионите Запорожје и Херсон кон Русија, според кои мнозинството гласало „за”.