Блинкен: САД се посветени на спречување на обновата на Исламска држава

САД се посветени на обезбедување безбедноста на Ирак и спречување на повторното заживување на џихадистичката група Исламска држава по соборувањето на претседателот Башар ал Асад во соседна Сирија, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата во Багдад со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден постигна договор со Ирак да го прекине военото присуство на западните коалициски сили во земјата до септември 2025 година. Непознато е дали новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе се придржува до договорот или ќе ја промени својата тактика поради настаните во Сирија.

САД имаат распоредено околу 2.500 војници во Ирак и 900 во Сирија.

Back to top button
Close